Во индустриската зона “Чојлија“ во општина Петровец почна да се гради логистички центар.
Инвестицијата е во вредност од еден милион евра, а инвеститорот, команијата Глобекс очекува, објектот со површина од 7000 метри квадратни да стане функционален на почетокот од идната година. На почеток се предвидуваат 30 нови работни места, а вкупно според најавите ќе работат 360 луѓе.
“ Тука ќе бидат сместени логистичкиот центар и фирмата – ќерка на Глобекс – Глобал логистик, каде ќе има околу 350 вработени. Сите средно развиени фирми кои сакаат да напредуваат и да градат не треба да се плаши од тоа. Треба да се зголемува бројот на фирмите во Македонија и да се искористат сите услови што ги овозможува Владата“ изјави Снежана Кокра, сопственичка на Глобекс.
Во индустриската зона Чојлија досега се продадени 65 парцели, а според министерот за транспорт Јанакиески, за дел од планираните инвестиции наскоро ќе бидат поставени камен темелници.
„Очекуваме уште неколку камен темелници во текот на оваа година, а најмногу во 2014. Воспоставивме специјален софтвер со кој во соработка со општините го следиме исполнувањето на роковите за предвидената изградба и очекуваме многу бргу за две до три години ова да стане вистинско градилиште и индустриска зона во која ќе работат илјадници луѓе не само од општина Петровец, туку и од околните општини. Ова е оличен пример како треба да се развие една општина“ изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
“Очекувам до крајот на годината да има уште два до три камен темелници, општина Петровец е спрема да пречека поголем број на инвеститори, бидејќи имаме уште 11 парцели непродадени. Наша обврска е да поставиме инфраструктура , вода струја и улицците да ги изградиме“ изјави Борче Митревски, градоначалник на општина Петровец .
Владата заедно со општините презема активности за урбанизирање и изградба на индустриски центри, со цел да им излезе во престрет на компаниите кои ќе градат нови капацитети и ќе вработат луѓе, констатираат домашните власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.