| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со нова програма, акцентот на социјална помош

zaevПоголема социјална помош за најзагрозените, социјални пакети за тие што не можат да си ги платат сметките и ратите од кредитите, понизок данок за сиромашните. Најголемите инвестиции на државата да бидат изградба на автопатишта и на хидроцентрали. Поинаква распределба на буџетските пари и тоа сосема обратно од сегашната – е дел од новата партиска програма што ја подготвува СДСМ, а ја објавува „Дневник“.

Лидерот Зоран Заев лично ќе учествува во пишувањето на документот и тоа во нејзиниот економски дел и во политиките за локалната самоуправа. Потпретседателите ќе учествуваат секој во својот ресор. Сепак, конкретните мерки и рокови за тоа како да се постигнат овие цели ќе бидат подготвувани од надворешни експерти, и домашни и странски. Политичките и економските аналитичари позитивно го оценуваат овој чекор на опозицијата – објавува „Дневник“.

Актуелната социјална помош според СДСМ е премала за живот, и токму затоа, освен буџетот, кој ќе биде во фокусот, акцентот ќе биде ставен на покачување на оваа сума. Парите да се вратат кај народот и да се засили темпото на вработувања, особено на младите, предвидува новата програма. Наместо во споменици, парите ќе се насочат за капитални проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top