Режисерот на легендарниот видеоспот од 90-тите години на групата „Д Фуџис“ за песната „Килинг ми софтли“, Чарлс Мекги, ја силувал својата ќерка Азиза Кибиби од нејзината осма година, за да создаде „чистокрвна линија“.

Страшните тајни на монструмот режисер, кој за споменатиот спот добил МТВ награда, неодамна конечно беа откриени страшните тајни. Покрај Азиза, тој ја силувал и другата ќерка и поради тоа добил вкупна казна затвор од 90 години.
Азиза, која сега има 35 години, во текот на шест години во кои трпела сексуално злоставување од татко си, му родила пет деца. „Дејли меил“ пишува дека таа успеала на крајот некако да побегне од Мекгил и сега со сопругот живее во Ист Оринџ во американската држава Њу Џерси, каде држи пекара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


