| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали Фондот на пензиско осигурување во Охрид

Денеска околу пладне изби пожар на инсталацијата во подрачната единица на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, пренесува А1Он.

Поради пожарот, откажал главниот компјутер на Фондот на ПИОМ во кој се сместени податоци на корисниците на услугите на фондот од Охрид, Струга и Дебар поради што се создадоа големи гужви и нервози кај граѓаните.

Интервенирала и противпожарната единица, но не поради пожар, туку нивните припадници го исклучиле доводот на струја во објектот на Фондот за ПИОМ.

Се очекува екипа која треба повторно да го стави во функција главниот компјутер во охридскиот Фонд на ПИОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top