| четврток, 6 декември 2018 |

Малик Обама – кумот на претседателот и човекот со 12 сопруги

Човекот кој утре ќе ја посети Македонија и ќе ја прими Повелбата за мир во име на фондацијата „Барак Х. Обама“ е всушност постариот полубрат на актуелниот американски претседател, Барак Обама.

Malik Obama with Barach on the wedding.jpg

На свадбата на Барак

Малик е син на таткото на Барак, односно Барак Сениор и е дел од многубројното семејство на Обама. Роден и пораснат во Најроби, Кенија, Малик завршува сметководство на тамошниот универзитет. Тој и Обама за прв пат се сретнуваат во 1985-тата, а набргу потоа Малик е кум на свадбата на неговиот полубрат. Барак исто така е кум на една од неговите свадби.

article-2290803-0A95C4F8000005DC-442_634x435

Заклучно со 2013-та, Малик има 12 сопруги, од кои едната го пријавила за домашно насилство. Тој ги отфрли обвинувањата, велејќи дека се „срање“.

Malik Obama

Малик беше портпарол во Кенија за неговиот полубрат во времето на претседателските избори во САД. И самиот имаше претседателски амбиции, но изгуби на изборите во Кенија.

Во моментот живее во малечко село во Кенија, каде има продавница за електроника. Редовно ја посетува Белата Куќа и е во постојан контакт со Барак.

article-2290803-187FF558000005DC-218_306x491

Тој беше пријател со либискиот диктатор Моамер Гадафи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top