Абонго Малик Обама, братот по татко на американскиот претседател Барак Обама, утре доаѓа во Македонија. Тој во Скопје ќе ја прими Повелбата за мир во име на фондацијата „Барак Х. Обама“, која го носи името на таткото на Барак Обама.
Повелбата за мир ја доделува Меѓународната асоцијација „Балкан клуб на мирот“ која е регистрирана во РМ и која ја води Осман Ватреш. Одлукатаза доделување на оваа Повелба ја донела Комисија од 25 членови, во која, според Ватреш, има угледни луѓе. Наградата на Малик Обама ќе му биде врачена во четврток во хотелот Александар Палас во 16 часот.
Ова е втора Повелба за мир која ја доделува „Балкан клуб на мирот“, Првата Повелба му е доделна на градот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


