| четврток, 6 декември 2018 |

Италија-Аргентина без Меси и Балотели

Италија во пријателскиот натпревар против Аргентина ќе игра без најдобриот голгетер Балотели, а тимот на Аргентина без Меси. Да почекаме и да видиме дали ќе има ефикасен натпревар без двајцата најдобри поединци

Mesi

Двајцата врвни голгетери заработија повреди при тренинзите на своите клубови, па сега нема да им бидат на располагање на своите селектори на последните контроли пред завршницата од квалификациите за СП 2014 во Бразил.

baloteli

Балотели настрада при еден од последните тренинзи на Милан, па сега „росонерите“ не сакаат да ризикуваат со негов настап на само една седмица пред квалификациите за ЛШ против ПСВ Ајндховен. Тој денеска беше прегледан од страна на лекарите на „аѕурите“, по што му беше дозволено да се врати во Милано и да продолжи со рехабилитационата програма пропишана од клупскиот лекарски тим.

Што се однесува до Меси, суперѕвездата на Барселона се пожали на болки во мускулот непосредно последниот тест дуел со селекцијата на Малезија. Тој го пропушти овој натпревар, а по враќањето во Барселона му беше препорачано мирување од една седмица, па јасно е дека тој нема да може да им помогне на „гаучосите“ во пресретката со „аѕурите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top