
Двајцата врвни голгетери заработија повреди при тренинзите на своите клубови, па сега нема да им бидат на располагање на своите селектори на последните контроли пред завршницата од квалификациите за СП 2014 во Бразил.

Балотели настрада при еден од последните тренинзи на Милан, па сега „росонерите“ не сакаат да ризикуваат со негов настап на само една седмица пред квалификациите за ЛШ против ПСВ Ајндховен. Тој денеска беше прегледан од страна на лекарите на „аѕурите“, по што му беше дозволено да се врати во Милано и да продолжи со рехабилитационата програма пропишана од клупскиот лекарски тим.
Што се однесува до Меси, суперѕвездата на Барселона се пожали на болки во мускулот непосредно последниот тест дуел со селекцијата на Малезија. Тој го пропушти овој натпревар, а по враќањето во Барселона му беше препорачано мирување од една седмица, па јасно е дека тој нема да може да им помогне на „гаучосите“ во пресретката со „аѕурите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


