Џон Брукс, тапанарот на британскиот инди бенд „Д Шарлатанс“ („The Charlatans“), почина од тумор на мозокот во 44-та година од животот, јави денес Би-Би-Си.
На Џон Брукс во рамките на повеќегодишното лекување му беа извршени повеќе операции, а до пред само два-три месеца работеше на новиот материјал со својата група. Починал во болница во вторникот претпладне.

– Џон Брукс, мојот пријател, нашиот тапанар и инспирација за многумина, почина утрово. Скршени сме. Џон беше билијантен тапанар, инспирација, основач на бендот, дел од нашето семејство и пријател на сите во и околу групата – напиша фронтменот на групата Тим Барџес на својот Твитер профил.
„The Charlatans“ се основани во 1989 година и досега снимија 11 студиски албуми, од кои три достигнаа на првото место од британската топ листа на албуми. Најуспешни нивни хитови се „The Only One I Know”, „Can’t Get Out Of Bed” и „One To Another”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


