Американската Комисија за меѓународна трговија забрани јужнокорејската компанија „Самсунг“ да извезува и да продава дел од електронските уреди во САД.
Потегот е преземен бидејќи не се почитуваат патентите на конкуренцијата во САД.
Американската компанија „Епл“ се обрати до Комисијата во август 2011 година со образложение дека „Самсунг“ не почитува правила за шест од нивните патенти.
Надзорниот одбор, сепак, призна дека само во два случаја е поткрепено барањето на „Епл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.