Малата африканска држава Кејп Верде, или многу попозната како Зеленортски Острови го продолжи сензационалниот фудбалски поход на Африканскиот куп на нации со пласман во четвртфиналето. Со головите на Варела и Хелдон, Кејп Верде ја победи Ангола со 2-1 и како второпласирана репрезентација од А групата мина во следната фаза од 29. издание на купот. Ангола водеше по првиот дел со 1-0 со автоголот на Нандо, но не успеа да го совлада аутсајдерот. Со Кејп Верде понатаму оди и домаќинот Јужна Африка по ремито 2-2 против Мароко. Двете првопласирани селекции од А групата имаат по 5 бода, а Јужна Африка е првопласирана поради подобра гол-разлика.
Кејп Вердер за првпта настапува на купот, а сензациите ги почна уште во квалификациите кога гоелиминира гигантот Камерун со вкупен скор од 3-2. Интересен е податокот дека во оваа земја се родени дузина познати фудбалски ѕвезди од калибарот на Нани, Патрик Виеира, Елисеу, Роландо, Мануел и Желсон Фернандеш, Силвестре Варела, но сите тие одлучија да играат за други репрезентации.
Во следните три дена ќе се игра последното коло во преостанатите 3 групи, по што ќе бидат познати сите четвртфиналисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


