| четврток, 6 декември 2018 |

Кејп Верде не запира со сензационалните успеси

Малата африканска држава Кејп Верде, или многу попозната како Зеленортски Острови го продолжи сензационалниот фудбалски поход на Африканскиот куп на нации со пласман во четвртфиналето. Со головите на Варела и Хелдон, Кејп Верде ја победи Ангола со 2-1 и како второпласирана репрезентација од А групата мина во следната фаза од 29. издание на купот. Ангола водеше по првиот дел со 1-0 со автоголот на Нандо, но не успеа да го совлада аутсајдерот. Со Кејп Верде понатаму оди и домаќинот Јужна Африка по ремито 2-2 против Мароко. Двете првопласирани селекции од А групата имаат по 5 бода, а Јужна Африка е првопласирана поради подобра гол-разлика.

Кејп Вердер за првпта настапува на купот, а сензациите ги почна уште во квалификациите кога гоелиминира гигантот Камерун со вкупен скор од 3-2. Интересен е податокот дека во оваа земја се родени дузина познати фудбалски ѕвезди од калибарот на Нани, Патрик Виеира, Елисеу, Роландо, Мануел  и Желсон Фернандеш, Силвестре Варела, но сите тие одлучија да играат за други репрезентации.

Во следните три дена ќе се игра последното коло во преостанатите 3 групи, по што ќе бидат познати сите четвртфиналисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top