| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Нови 5 компании ќе инвестираат во Македонија

Macedonian-Deputy-PM-and-Finance-Minister-Zoran-Stavreski-Source-Government-of-the-Republic-of-Macedonia_550x300

Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот, изјави вицепремиерот и министерот за финансии, Зоран Ставрески, во интервју за МТВ.

Ставрески откри дека турските компании биле од медицинската област и биле заинтересирани за Бунарџик, а американската компанија ќе инвестирала во Кочани.

Вицепремиерот најави дека во наредниот период ќе има инвестиции од странство и во Охрид, Струга, Тетово и во Кичево. Тоа, според Ставрески, е добра вест бидејќи носи нови вработувања и подобар стандард за граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top