Најголемиот број на метеори или „ѕвезди кои паѓаат“ се очекуаат на 12 август. Сепак, според Метеопро нивната појава е веќе почната. Најинтензивните летни метеорски дождови во лето на северната хемисфера се наречени Персеиди. Името го добиле по соѕвездието Персеј, бидејќи кога се набљудуваат метеорите, истите доаѓаат од правец на тоа соѕвездие. Од нашите краишта по полноќ, ова соѕвездие е во правец кон североисток. Просечно Персеидите даваат околу 60 метеори на еден час, но таа бројка може да биде и до 120 метеори на час. Се интензивираат со приближување на зората. Можат да бидат налик на линии на небото, но ако имате доволно среќа може да видите и понекој метеор налик на огнена топка.
Оваа година предноста за набљудување на метеорскиот дожд е тоа што на небото ќе имаме млада месечина, односно позатемнето небо. Засега прогнозата за метео условите ни оди во прилог и по се изгледа дека ноќта на 12 август ќе биде претежно ведра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.