Шест загинати лица, е засега бројот на жртви за кои се претпоставува дека настрадале во падот на малиот авион во Конектикат. Полицијата сеуште не е сигурна за точниот број на настрадани во несреќата во која авионот паднал врз две куќи, а не се познати ни причините за трагичниот настан.
Со оглед на фактот што по падот на авионот избил пожар, а телата се уште не се пронајдени, иако нема официјални потврди, американските медиуми јавуваат дека помеѓу загинатите има две деца на возраст од 1 и 13 години. Тие биле во една од куќите со својата мајка, која успеала да се извлече.
Во авионот се наоѓал еден поранешен шеф на Микрософт, а со него бил неговиот син и уште едно лице. Никој од нив не преживеал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.