Одличниот плејмејкер и лидер на својата репрезентација, од почетокот на јули тренирал самостојно, со цел да се подготви за шпампионатот на Стариот континент, меѓутоа веројатно нема да има доволно време повредениот мускул на ногата да заздрави пред почетокот на турнирот.
Иако во националниот кошаркарски табор на нашиот северен сосед и натаму се надеваат дека Теодосиќ би можел да заигра во Словенија, реалноста е дека организаторот на играта на ЦСКА Москва, ќе ја пропушти оваа репрезентативна обврска.
„Ситуацијата околу Теодосиќ е внимателно следена. Капацитетот со кој располага сега е далеку под неговите можности. Ја санирал повредата, меѓутоа е далеку од физичката подготвеност на преостанатите играчи. Тој е таков човек, кој заслужува да го чекаме до последниот ден на подготовките. Важно е на групните тренинзи да им се приклучи целосно подготвен“, изјави селекторот на тимот, Душан Ивковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.