| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Драма на почетокот од судењето за „Ликвидација“

kezarovski-9

Во Кривичниот суд во Скопје во тек е судскиот процес за случајот „Ликвидација“ во кој еден од обвинетите е и новинарот Томислав Кежаровски. Покрај него, на обвинителна клупа ќе бидат уште седум други обвинети, меѓу кои и судии, јавен обинител и адвокат од Велес.

Почетокот на судењето беше мачен, откако се расплаха ќерката на обвинетиот новинар, на која не ѝ беше дозволено да се поздрави со татко ѝ.

Обвинетите се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службена должност, неовластено откривање информации за сведоци, недозволиво поседување оружје и друго. Новинарот беше приведен поради текст објавен пред пет години во кој го разоткрил идентитетот на заштитениот сведок.

kezarovski-7

Случајот е поврзан со предметот за убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски од велешкото село Ореше, кој се водеше во велешкиот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top