| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев тренира со Јусејн Болт (Фото)

Ристе Пандев, атлетичар од Струмица, на својот Фејсбук профил објави фотографија на која се гледа дека заедно тренира со најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, пренесува strumicadenes.mk

 

 usain

Пандев неодамна го урна македонскиот рекорд на 100 метри по вторпат и сега е 10 секунди и 61 стотинка. Ристе Пандев е одлично пријатно изненадување за анемичната македонска атлетика и гледајќи го неговиот ангажман и последни резултати, може само да очекуваме уште подобри резултати, особено знаејќи го фактот дека тој е сè уште младинец и има само 19 години.

Во Москва Пандев ќе настапи во квалификациите за 100 метри, односно во спринт, а ние му посакуваме многу среќа и успех во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top