| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнале соселанец со тесла и со секира

Во пехчевското село Црник вчера двајца жители  нападнале и повредиле соселанец удирајќи го со тесла и со секира.

Полицијата информира дека инцидентот се случил пред  селската продавница околу 13 часот попладне.  С.Л.(20) и С.Л. (22) без повод и причина физички го нападнале Р.Е.(45). Тие го удриле тесла во пределот на главата и со рачка од секира во пределот на нозете и рацете. Р.Е. веднаш бил пренесен во болницата во Кочани каде му биле утврдени тешки телесни повреди. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top