Во пехчевското село Црник вчера двајца жители нападнале и повредиле соселанец удирајќи го со тесла и со секира.
Полицијата информира дека инцидентот се случил пред селската продавница околу 13 часот попладне. С.Л.(20) и С.Л. (22) без повод и причина физички го нападнале Р.Е.(45). Тие го удриле тесла во пределот на главата и со рачка од секира во пределот на нозете и рацете. Р.Е. веднаш бил пренесен во болницата во Кочани каде му биле утврдени тешки телесни повреди. Полицијата работи на расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)