
Водачот на навивачката група Гробари кој вчера по елиминацијата на Партизан од квалификациите за Лигата на шампионите влета на терен и му ја зема капитенската лента на фудбалерот Марко Шчеповиќ, денеска на прес конференција се правдаше за скандалот.
Според Милош Радисављевиќ Кими, тој воопшто не бил агресивен а фудбалерот му бил другар па затоа му ја дал капитенската лента.
– Не му ја симнав насилно капитенската лента. Ние првенствено сме другари. Тоа не беше агресивен гест. Јас по секој натпревар слегувам на терен поради кореографијата. Не знам зошто се крена фама, затоа што чинот не беше насилен. Не му ја симнав лентата, сам ми ја даде, се правдаше Радисављевиќ на заедничката прес конференција со Шчеповиќ.
И фудбалерот на Партизан, ја спушти топката за инцидентот.
– Почувствував потреба да му ја дадам лентата. Тие се наш 12 играч. Се крена прашина за ништо. Ова е сосема друга ситуација од онаа со Лазар, изјави Шчеповиќ алудирајќи на инцидентот од минатата година кога навивач на Партизан скокна од трибините и му удри шлаканица на Лазар Марковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец, Грк и двајца Хрвати настрадаа во жестокиот судир на „Гробарите“ (видео)
-
Причината за хаосот на „вечното“ дерби: Обид за пуч кај „Гробарите“, фракција сакала да ја преземе јужната трибина
-
Индицент во Белград, погоден фудбалер на Олимпијакос! (Видео)
-
Обезбедувањето на директорот спречило инцидент: „Делии“ за малку не ја линчувале управата на Партизан


