| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Во Македонија се садат доволно дрвја

rascvetano-drvo-vo-ovce-polРечиси 60 отсто од граѓаните сметаат дека преку акциите на пошумување во земјава се садат доволно нови дрвjа, покажало истражувањето на Институтот Димитрија Чуповски.

На прашањето пак, дали државните институции треба да поседуваат сопствени објекти, 70,3 проценти одговориле позитивно, додека пак 14,9 негативно.

Вкупно 66 отсто пак сметаат дека оние државни институции кои немаат сопствени објекти плаќаат преголеми кирии, а со ова не се согласуваат 18,5 проценти.

Политиката за градење на објекти за државни институции ја поддржале 68,6 проценти, додека пак против истата се 17,7 отсто

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top