Мојот пријател Денис Червов немал никакви лоши намери или мисли. Барем јас така мислам. Едноставно се работи за руска љубопитност – вели пријателот на Денис.
Република стапи во контакт со другарот на Денис, со кого заедно дошле во Македонија. Тој сѐ уште е во Скопје, чека да види што ќе се случи со љубопитниот другар.
-Не знам што да правам. Денис е сѐ уште во полиција, не сме стапиле во контакт. Немам комуникација со него. Нашите билети се на 14 август, кога треба да одиме во Белград. Слушнав дека ќе го протераат од земјата, но не знам кога ќе се случи тоа. Не сум побарал помош од руската амбасада во земјава. Чекам да видам дали ќе го пуштат – вели нашиот соговорник.
Тој и Денис пристигнале во земјава како туристи. Денис воопшто не споменал дека сака да види што се крие зад високата ограда… И самиот се изненадил кога дознал дека неговиот пријател направил огромна грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


