Мендух Тачи, лидерот на опозициската ДПА, ја одбил поканата за средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Според „Дневник“, Тачи не сака да се сретне со Заев затоа што не гледал суштинска причина зошто би се одржала средба.
– Претседателот Мендух Тачи ја одби поканата за средба со Заев. Не гледаме суштинска причина за таква средба. СДСМ стана дел од сценариото на ВМРО-ДПМНЕ фиктивно да ја претстави ДУИ како фактор за решавање на спорот за името. Во суштина не е така. Ова всушност покажува до каде е процесот на решавање на прашањето. ДПА останува на позициите дека владата треба да ја преземе одговорноста и да го реши проблемот со името – изјави за „Дневник“, Имер Алиу, кој додава дека во СДСМ нема промена на политиките на Црвенковски.
И Заев потврдил дека бил одбиен, но и дека нема да се откаже од намерата да седне на иста маса со лидерот на ДПА. Ќе му упател нова покана по одморите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


