Во резолуцијата се повикува на почит и спомен на жртвите на холокаустот и на изработка и реализација на образовни програми за ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат.
Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.200 македонски Евреи. На 11 март 1943 година, 98 проценти од Евреите во Македонија се собрани во скопскиот Монопол, најголемиот број од Битола, Штип и Скопје и испратени во концентарцискиот логор Треблинка каде се убиени во гасни комори. Според податоците од Еврејската заедница во Македонија, денеска во земјава живеат само околу 200 Евреи.
Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, во март 2011 година во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на жртвите на холокаустот, кој е еден од четирите такви во светот, покрај центите во Израел, Германија и во САД.
На 27 јануари 1945 година Црвената армија на Советскиот Сојуз пристигна во Аушвиц. Тие наидоа на неколку илјади останати затвореници во кампот, кој беше делумно разурнат од Германците кои се повлекуваа. Преживеаните и материјалните докази укажуваа на масовните убиства кои се одвивале во Аушвиц.
Околу 90 проценти од жртвите во најголемиот концентрациски логор на Третиот Рајх беа Евреи. Холокаустот беше систематски прогон и убивање на Евреите, Ромите, Словените,… спонзориран од нацистичкиот режим во Германија преку спроведување на идеологија дека Германците се супериорни, а другите народи се инфериорна раса и нивниот живот не е вреден. Адолф Хитлер го нарекуваше обидот за нивно елиминирање „конечно решение“.
Во Аушвиц и во другите логори на смртта беа развивани посебни техники за убивање, од гасни комори до смртоносни експерименти на луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова еврејско семејство било разделено на три континенти: Сега потворно се заедно во Битола (видео)
-
Борисов жали за холокаустот на македонските Евреи, но не се извини
-
Академска трибина: Интернационален ден на сеќавањато на холокаустот
-
Мицкоски во сеќавање на македонските Евреи: Овој датум еден од најтажните во македонската историја