82-годишна жена завршила во болница со скршен колк откако била нападната од нејзината снаа.
Старицата од битолско Кравари била пренесена во битолската болница вчера со скршеница на левиот колк, а откако лекарите ѝ ја укажале потребната помош, било утврдено дека на први овој месец, во дворот на нејзината куќа по вербална расправија со снаата Б.С. била турната на подот, а потоа и физички нападната.
Битолската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.