Според неревидираните финансиски резултати објавени на Македонска берза, во првите шест месеци годинава, Алкалоид оствари приходи од продажба од 55,6 милиони евра, што е за 4% повеќе од истиот период лани.
Бруто добивката на компанијата е поголема за 5% и изнесува 13,7 милиони евра, додека оперативната добивка е помала за 4% и изнесува 5,26 милиони евра, заради зголемените оперативни расходи.
Нето добивката на Алкалоид е 4,5 милиони евра и е за 5% помала во однос на лани. Компанијата во првите шест месеци реализирала 44 нови вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци


