| четврток, 6 декември 2018 |

Успешена година за Алкалоид – за шест месеци приход од 55,6 милиони евра

alkaloidСпоред неревидираните финансиски резултати објавени на Македонска берза, во првите шест месеци годинава, Алкалоид оствари приходи од продажба од 55,6 милиони евра, што е за 4% повеќе од истиот период лани.

Бруто добивката на компанијата е поголема за 5% и изнесува 13,7 милиони евра, додека оперативната добивка е помала за 4% и изнесува 5,26 милиони евра, заради зголемените оперативни расходи.

Нето добивката на Алкалоид е 4,5 милиони евра и е за 5% помала во однос на лани. Компанијата во првите шест месеци реализирала 44 нови вработувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top