| четврток, 6 декември 2018 |

Тужи банка оти сопругата се вљубила во друг

Јужноафриканец ја тужел банката во која работи неговата сопруга оти таа се вљубила во колега, и барал надоместок за неговото страдање

sudСудот во Јоханесбург ја отфрли жалбата на маж, кој тужел банката во која работела неговата жена, бидејќи таму таа се заљуби во свој колега. За несекојдневната тужба информираат весниците од Јужноафрикаската Република.

-Тужбата на Рамнат Десие е многу необична. Тој обвинува дека банката „ФрстРанд” е на некој начин одговорна за маката и страдањата што тој ги претрпел поради врската на својата сопруга- изјави судијата Најџел Вилис.

Според судијата, секакви тужителите во Јоханесбург, но оваа тужба заслужува специјална награда, и додал, дека јужноафриканскиот суд не помни сличен случај.

Постојано се случува луѓето да се заљубуваат на работното место. Не верувам дека можеме да дозволиме на засегнатите да сакаат надоместок, додал тој.

Рамнат Десие сепак смета дека „ФрстРанд” треба да понесе одговорност, бидејќи токму таму работејќи жена му се сретнала со љубовник. Откако судот ја отфрли жалбата, тој ќе мора да плати и ги плати на банката судските трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top