| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемено ниво на безбедност при посетата на српскиот премиер на Македонија

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ кој во Скопје пристигнува денеска на свечената Светосавска Академија која што ќе се одржи вечерва во салата на Македонската опера и балет ќе биде дочекан со зголемено ниво на безбедност.

„Република“ од извори во безбедносните структури дознава дека поради неодамнешните настани во Прешевската долина каде српската полиција го урна споменикот на УЧК посетата на Дачиќ ќе има специјален третман и зголемено ниво на безбедносни мерки.

Покрај тоа што е Премиер на Србија Дачиќ во исто време ја врши функцијата Министер за внатрешни  работи како и во периодот од 2008 do 2012  кога за време на владата на Тадиќ беше прв српски полицаец.  Предходно во српската влада беше  одговорен за Косово и југот на Србија

Дачиќ во понеделник ќе има официјална средба до Премиерот Груевски а на неа се очекува да се разговара за економската соработка, предизвиците во евроинтеграциите со кои се соочуваат двете земји како  и за состојбата во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top