Ру си дозволи ваков испад на 25-ти јули, ни помалку ни повеќе во текот на пријателски натпревар со соседите од другата страна на границата, белгискиот табор Монс.
Пред некој ден играчот го сослуша дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација, која одлуката ќе ја донесе на почетокот на идната недела. Доколку биде проценето дека е виновен, играчот го очекува повеќемесечна суспезија според правилата на Сојузот.
„Нолан ни ја раскажа својата верзија на настаните, приложивме и фотографија која го потврдува тоа кое што го зборуваше. Во ниту еден момент не му паднало на памет да го провоцира судијата“, изјави по сослушувањето претседателот на Лил, Фредерик Паке.
Инаку, Ру пристигна во клубот во јануари 2012-та од редовите на Брест, а за сезона и половина одигра 62 средби и постигна 17 погодоци во сите натпреварувања. Досега не се однесувал проблематично, на 150 сениорски мечеви добил 15 жолти и еден црвен картон.
Францускиот фудбалски шампионат почнува следниот петок, а Лил веќе ден подоцна ќе го вгости составот на Лориен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.