| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатна струја во сабота за Британците

Британската компанија за дистрибуција на електрична енергија „Бритиш гас“ понуди бесплатно користење на струја за потрошувачите кои ќе го концентрираат трошењето на електрична енергија во саботите.
Идејата која „Бритиш гас“сака да ја воведе од 2014 година за британските корисници, потекнува од сестринската енергетска компанија од САД- „Директ енерџи“ која веќе ниду вакви услуги во Америка. Зад двете компании стои дистрибутерот „Центрица“, која сака да го мотивира потрошувачите да ја насочат потрошувачката во време на викендите, кога насекаде во светот потрошувачката е помала отколку во работните денови.

Овој пилот-проект веќе се одвива во северноисточните американски држави, а наскоро ќе почне и во Тексас. Во Пенсилванија пак, потрошувачите имаат можност дам одберат дали сакаат бесплатно да користат струја во сабота или недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top