
Дана Вулин
Македонката Натали Димитровска (28) е прогласена виновна бидејќи жива ја запалила својата пријателка Дана Вулин (25), исто така по потекло од Македонија, во февруари лани во Перт, Австралија.
Според пресудата, Димитровска ја нападнала Вулин бидејќи била љубоморна оти сонародничката има љубовна афера со нејзиниот поранешен сопруг Един Хандановиќ. Обвинетата на 12 февруари под дејство на дрога дошла во станот на Вулин надевајќи се дека таму ќе го затекне Хандановиќ. Двете почнале да се расправаат по што додека Вулин во рацете држела ламба со отворен оган Димитровска кон неа фрлила шише со метилалкохол. Димитровска по нападот избегала и неколку дена се криела, а ја пребоила и косата. Таа купила авионски билет во еден правец за Македонија, но кога дошла на аеродромот, полицијата ја уапсила. По апсењето и за време на судењето Димитровска тврдела дека реагирала во самоодбрана бидејќи Вулин неа ја нападнала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


