| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Лидер на британска партија: Бугарската економија ја води мафијата

Фараги бара референдум за излегување од ЕУ

Лидерот на Партијата за независност Најџел Фараги со остри критики за состојбата во Бугарија во емисијата „Време за прашања“ на Би Би Си.

„Целосно е неодговорно дури и глупаво што од јануари догодина ќе ги отвориме нашите граници за 29 милиони луѓе од Романија и Бугарија“, вели Фараги според кого платите во овие земји кои ги земаат најголем број од граѓаните се околу 100 евра и затоа тој да бил Бугарин веднаш ќе се спакувал и ќе дојдел во Британија.

„ Бугарија е во ужасна состојба , судството не е независно, мафијата практично ја води економијата. Да бев јас бугарин веднаш ќе избегав од таму“ вели Фараги кој предлага Британија да организира референдум за излегување од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top