| четврток, 6 декември 2018 |

Капитенот на Лацио 6 месеци без фудбал за местење натпревари

Капитенот на Лацио, Стефано Маури нема да игра фудбал 6 месеци поради учество во лажирање натпревари во Италија. Обвинителот Стеафно Палаци бараше суспензија од 4,5 години, но казната е многу помала. Маури учествувал во местење на резултатот на мечот Лацио-Лече во мај 2011 година, а беше осомничен и за дуелот на лацијалите со Џенова, но тоа обвинение падна во вода. Лацио е казнет со 53 илјади долари, а Лече двојно помалку. Џенова е амнестирана, бидејќи не се докажа дека имало местење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top