| четврток, 6 декември 2018 |

Избегната тепачка помеѓу учесниците од судскиот процес за платеното убиство на старецот

Инцидентот во велешкото село Ореше се случил помеѓу инволвираните во случајот за убиството на 75 годишниот Лазо Милошевски, кој неодамна заврши со ослободителни пресуди за обвинетите. Жителите од селото сведочат за она што се случувало синоќа после 20 часот, пренесува Дума.мк.

Караницата настанала помеѓу две групи и за малку не прераснала во тепачка. Мештаните пред чии очи се случил инцидентот раскажуваат дека во него учествувале Ѓоре Петревски, кој неодамна беше ослободен од обвинение дека го нарачал убиството, и заштитениот сведок,  кој првен сведочеше против него, за подоцна да се откаже од заштитата и го откри својот идентитет, Златко Арсовски.

Караницата настанала кога   роднина на Арсовски ги одзел клучевите од возилото во кое бил Петревски за да не избега,  а по ова Златко и Ѓоре  продолжиле да се расправаат  за наводен долг од 5 илјади евра.

Случајот бил пријавен во велешката полиција, но кога дошле инспекторите сите се разбегале. Дел од учесниците биле приведени, но сепак од полицијата велат дека главните учесници нив не биле инволвираните во случајот за платеното убиство туку нивни блиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top