Граѓаните беа видно изненадени и благодарни што со истакнување на знамињата во своите домови ќе придонесат кон одбележување на големиот празник Илинден.
Активностите по повод денот на општината Илинден, 2 Август, почнаа во текот на минатата недела со одржување крводарителска акција, фолклорен концерт на КУД „Решетари“ и Ансамблот за народни песни и ора „Илинден 72“, спортски активности во Спортскиот викенд „Илинден 2013“, централната прослава со општонароден собир во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓија“, како и поставување државни знамиња на локалните улици и патишта во општина Илинден.
Во годината кога одбележуваме 120 години од формирањето на Македонската револуционерна организација и 110 годишнина од Илинденското востание, општина Илинден ја прославува 17-годишнината од своето постоење како посебна локална самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!