| четврток, 6 декември 2018 |

Твитер збесна од мапа направена од Хрватски Албанец – На неа ги нема Македонија и Србија

Мапата на која поранешна Југославија е поделена само на три држави предизвика лавина од реакции на социјалната мрежа Твитер.

Откако Албанец кој живее во Хрватска објави мапа на која ги нема Македонија, Босна, Србија, Црна Гора и Косово какви што се денеска, се развија дебати на многу групи и почнаа препукувања меѓу голем број корисници на Твитер но и на дригите социјални мрежи.

На мапата која Твитер профилот Ник Арденис ја објаснува со единствено решение за Балканската криза ги има само Голема Хрватска и Голема Албанија додека Македонија и Србија се со само  мал дел од актуелната територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top