Светскиот рекордер на 100 и 200 метри и олимписки шампион јамајканецот Усеин Болт најави дека е способен да ги собори светските рекорди од 9.58 секунди на 100 метри и 19.19 секунди на 200 метри.
– На 100 метри ќе треба да истрчам перфектна трка и да го соборам рекордот. Се надевам дека и временските услови ќе бидат одлични за трчање. Психички сум подготвен за такво нешто. на 200 метри можам да истрчам под 19 секунди со што би докажал дека можам уште многу да понудам во овој спорт. Сакам да освојувам златни медали на светските првенства и секако на следната олимпијада во 2016 година -изјави Болт на 10 дена пред почетокот на светското првенство во атлетика што ќе се одржи во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



