| четврток, 6 декември 2018 |

Војната во Сирија пред пресврт- Асад повторно го освои Хомс

homs sirija Сириските власти вчера соопштија дека ја презеле контролата над најголемиот дел од округот Хомс. Градот кој е еден од главните стратешки точки по неколку неделни борби повторно е во рацете на Башар ал Асад.

Борбите се уште траеле во Калидија, град кој се најде во средиштето на двегодишната граѓанска војна, но силите на Асад го зазеле најголемиот дел од округот и направиле обрач околу преостанатите подрачја кои се под контрола на бунтовниците во центарот на градот.

 Силите на Асад успеаја да го вратат Хомс под нивна контрола по двомесечна офанзива чија цел беше да се осигура патот кој го поврзува Дамаск со Средомното Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top