| четврток, 6 декември 2018 |

Јоргос Пападакис: Додека Самарас е на кормилото, спорот за името нема да се реши

Во текот на туристичата сезона Грција ги испраќа најлошите сигнали кон Македонија од каде секоја година доаѓаат скоро половина милион луѓе на одмор

grcki analiticarГрчкиот аналитичар Јоргос Пападакис во разговор за Канал 5 телевизија зборува за македонско-грчките односи, односно за тактиката на грчкиот премиер Самарас. Ви го пренесуваме разговорот интегрално:

Златна Зора ги пречекува македонските туристи со плакати дека Македонија е грчка?

Јоргос Пападакис: Да зборуваме искрено. Ниту мене ниту никој друг во Грција не не изненадува однесувањето на Златна зора. Тоа од една нацистичка, фашистичка организација од која не може да се очекува ништо помалку или повеќе. Сакам да потенцирам дека мене ме загрижува тоашто не реагираа грчката влада. Од грчкото МНР немаме никаква изјава за случајот, акциите на Златна Зора ги има, скоро секој ден се активни на границата меѓу Македонија и Грција, а грчкото министерство не реагира. Во текот на туристичата сезона Грција ги испраќа најлошите сигнали кон Македонија од каде секоја година доаѓаат скоро половина милион луѓе на одмор.

Дали грчкиот државен врв го одобрува ова делување?

Јоргос Пападакис: Не би сакал така да кажам. Секогаш сакам да зборувам со факти, а факт е дека пред неколку дена во јавност го гледавме одговорот на грчкиот премиер Самарас на писмото од македонскиот премиер со кое Груевски го кани на средба за формирање на група експерти за да се дојде до напредување за грчко-македонското прашање. Во писмото е јасно дека Грција не сака да го реши спорот и нема да има напредок додека Самарас е на кормилото на Владата. Тој пред четири години како министер во Владата на Караманлис јасно и јавно велеше дека Грција не треба да го решава спорот, зашто Македонија ќе се распадне сама од себе. Го имаме тој став од пред четири години, го имаме писмото од пред некое време…

Самарас има средба со Обама. Има ли довоно аргументи грчкиот премиер да соопшти дека Грција прави нешто за да го реши проблемот?

Јоргос Пападакис: Мислам дека единствениот аргумент е т.н. Меморандум од минатата година, ако може да се каже дека тоа беше некаква идеја на Грција за да се стигне до решение. Но сите знаеме дека тој Меморандум всушност беше диктат на Грција врз Македонија, односно што сака Грција да стои во решението. Со таа карта ќе се игра во меѓународната заедница и на средбата со Обама. Но сите знаат дека тоа не беше нешто суштинско туку само уште една идеја да се покаже дека во спорот Македонија не конструктивна, а не Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top