| четврток, 6 декември 2018 |

Блогерите се сомневаат во рибарскиот потфат на Путин

Руските блогери го доведоа во прашање „подвигот“ на претседателот на Русија Владимир Путин, откако била објавена информацијата дека уловил риба тешка 21 килограм.

-Рибата која се гледа на фотографијата е тешка меѓу 10 и 12 килограми и секој чесен рибар ќе ви го потврди тоа, наведува на својот блог Олег, коментирајќи го текстот и фотографијата од Путин објавени во „Московски Комсомолец“.

Андреј Малгујин, исто така блогер, се сомнева дека Путин воопшто отпатувал во Тива, бидејќи во официјалната агенда на претседателот не се споменува такво патување.

Фотографиите од наводното патување на Путин и неговиот подвиг се објавени на сајтот на Кремљ, но без податоци за тежината на рибата или за датумот кога е таа уловена. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков тврди дека наводите на весникот се точни.

-Лично ја видов рибата и бев присутен кога ја мереа. Навистина беше тешка повеќе од 20 килограми, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top