| четврток, 6 декември 2018 |

„Пинк Пантер“ повторно во акција: грабежот во Кан е нивно дело?

Во центарот на светското внимание, повторно дојде групата професионални крадци „Пинк Пантер“ со спектакуларното бегство на своите членови од швајцарскиот затвор, а медиумите веќе шпекулираат дека нивниот најнов грабеж е украдениот накит во Кан

Грабежот на дијаманти и накит во Кан беше извршен вчера од страна на само едно лице и тоа среде бел ден, околу пладне. Грабежот беше извршен во хотел во летувалиште на Азурниот брег, а медиумите веднаш забележаа дека грабежот се случил откако тројца членови на Пинк Пантер во мај побегнаа од швајцарскиот затвор.

Групата крадци, која се специјализирала за крадење на дијаманти и луксузни часовници, според сомневањата одговорна е за 340 грабежи од 1999 година, не бирајќи ги континентите- од Европа преку Блискиот исток и Азија.
Податоците од Интерпол говорат дека групата, чиј точен број на членови не се знае, брои од 200 до 300 крадци. Групата има украдено богатство- неверојатни 350 милиони евра.
Се верува дека центарот на групата го сочинуваат околу 20-30 искусни крадци, кои властите не можат да ги фатат, додека во различни градови низ светот имаат десетина помагачи, задолжени за логистичка поддршка.
Весникот „Њујоркер„ пишува дека детективите во Швајцарија веруваат дека потеклото на Пантерите е од Цетиње, но дека со време групата, но дека со време групата пораснала во многу поголема банда, која собира криминалци од цела поранешна Југославија.
Од првобитна група на црногорски крадци на дијаманти, таа денес прерасна во четири главни оперативни групи.
Пантерите се ноќен кошмар за полицијата ширум светот, па така во Интерпол постои работна група која се занимава само со нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top