| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелите њујорчани ќе добиваат овошје и зеленчук на лекарски рецепт

Америка се бори против дебелината. Сиромашните дебели њујорчани во лекарската ординација ќе можат да добиваат бонови за овошје и зеленчук,  кои ќе можат да ги трошат во 140 њујоршки продавници.

Целта на иницијативата е да им се помогне на семејствата со слаба финансиска состојба, на кои поради високите цени на здравата храна, набавуваат евтина „брза храна“.

Пациентите ќе бидат во можност да добијат ваучери за сите членови на своето семејство во противредност од еден долар дневно по лице во текот на најмалку четири месеци. Овие рецепти ќе се обновуваат во болниците, каде на дебелите луѓе ќе им биде проверувана телесната тежина и каде ќе можат да добијат стручни совети за здравата исхрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top