Нема ништо чудно и нереално во проектот „Џумајлија“, ниту, пак, има некакви тајни или скриени игри. Се работи за одличен проект за Македонија како држава, но и за нас како компанија. Секој обид да се прикаже нешто поинаку во јавноста за нас е ништо повеќе од недостаток на знаење или момент на негирање поттикнат од непознавање на последните новини во делот на земјоделството и млечната индустрија – велат од групацијата „Сахара“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој.
Тие во соопштението испратено во медиумите велат:
„Го добивме договорот со Министерството на земјоделство според сите законски регулативи на меѓународен тендер каде наддавањето и добивањето на тендерот беше целосно транспарентен“.
Би сакале да појасниме дека за чување на 20.000 грла се потребни само околу 45-50 хектари. За да се намали миграцијата на болести кај грлата, кравите ќе бидат сместени во четири посебни фарми. За изградба на млекарница и фабрика за производство на храна на добитокот потребни ни се помалку од 25 хектари. Остатокот на земјата ќе се користи за производство на храна за добитокот.
Имаме детален бизнис-план за овој проект. Нашите вработени се експерти кои имаат искуство во менаџирање на слични фарми во САД, Европа и Саудиска Арабија, а тоа само го гарантира успехот на овој проект. Секој што е заинтересиран може да посети вакви фарми во Шпанија, Турција, каде шрро има слични климатски услови. Други слични фарми може да се видат во САД, во државите Флорида и Тексас.
Ваков тип на технологија што планираме да ја имплементираме за овој проект во моментов не постои во Македонија и планираме да ги донесеме најнапредните процеси што постојат во светот во овој сегмент.
Планот на компанијата е со производството на млеко да се намали увозот на млеко во Македонија и да се замени со квалитетно млеко од домашно производство. Следен таргет-пазар е балканскиот регион. Остатокот од млеко ќе биде наменето за извоз во земјите од Среден Исток и Северна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


