22-годишниот напаѓач се пофали со својата нова тетоважа на „Твитер“. Нил Ренџер го истетовира своето презиме на чело, поточно на десната слепочница. Иако со месеци не е член на ниеден клуб, младиот фудбалер и натаму живее во заблуда дека е светска ѕвезда, а повеќето не би го ни знаеле неговото име ако, буквално, не си го напишеше на чело.

Ренџер е бивш играч на Њукасл, а пред 2 години ја покажа и првата глупава тетоважа, симболот за насмеаното човече „смајли“ во внатрешноста на устата. Истиот ден беше уапсен откако една девојка го пријави за силување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


