| четврток, 6 декември 2018 |

Митревски: Цените растат, треба да растат и платите

Апсолутно има потреба да се зголемуваат платите во Република Македонија, ако се имаат предвид и предвидувањата за зголемување на цените на производите, за зголемување на цените на храната” вели Митревски.

Ако направите една посериозна анализа во однос на тоа што се случува околу Република Македонија, па и малку пошироко, ќе видите дека насекаде сигурноста на работните места е сериозно доведена во прашање, додава тој.

-Во далеку поголем број држави пензиската граница е зголемена, а исто така има драстично намалување до 30 отсто и на платите, што значи дека за разлика од овие други држави, обезбедивме каква-таква материјална и социјална сигурност за работниците и обезбедивме ефектите од оваа исклучителна криза да не бидат на тој начин рефлектирани во нашата држава. Тоа не значи дека во државата немаме проблеми- платите во Република Македонија се ниски, имаме зголемување на цени и навистина сериозен предизвик е на ова поле, како и на кој начин социјалните партнери во иднина ќе го менаџираат и овој дел” , изјави претседателот на ССМ Живко Митревски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top