Во Драчево во општина Кисела Вода денеска свечено ќе биде отворен Паркот на бранителите со меморијална фонтана, изградени во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година.
Паркот, кој почна да се гради во почетокот на годинава, се протега на површина од 1.225 квадратни метри, а во централниот дел е сместена шестоаголна армирано-бетонска фонтана. На секоја од шесте страни поставена е спомен плоча со името на секој загинат бранител. Во централниот ден на фонтаната е поставена скулптура во бронза во форма на војник, висока три метри.
Од општината истакнуваат дека со меморијалната фонтана ќе им одадат почти на шесте бранители од Кисела Вода кои загинаа во конфликтот од 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


