| четврток, 6 декември 2018 |

Работодавачите безмилосни- градежници работат на 37 степени

Иако живата во термометарот денеска го помина 37 степен, на неколку градежни објекти низ Скопје,  работниците на сред пладне работеа непрекинато, јави 24Вести.

Работодавачите не се поколебаа ниту од високите казни. Инспекторите следниве неколку дена ќе треба да ги засукаат ракавите.

Министерот за труд и социјала Диме Спасов вчера најави строги казни за непочитување на препораките.

Топлотниот сахарски бран според синоптичарите ќе трае до средината на следната недела.

Казните за непочитување на законот и препораките за топлото време се движат од 5.000 до 8.000 евра за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top