| четврток, 6 декември 2018 |

Помогнете во зачувување на шумите- пријавете пожар на 195

pozarnikariЦентарот за управување со кризи апелира до граѓаните кои во овој период бараат спас од летните горештини во природа да внимаваат при поосети на излетничките места или доколку спроведуваат работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума, да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

– Ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Апелираме до населението овој број да не се злоупотребува за лажни повици, кои би предизвикале несакани последици по мирот, спокојството и безбедноста на граѓаните, порачуваат од Центарот за управување со кризи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top